Ѓорческа држи лекции во Анталија: Обезбеди финале во дабл и полуфинале во сингл-конкуренција!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да извојува уште две победи денеска на турнирот во Анталија, Турција, откако обезбеди финале во дабл и полуфинале во сингл-конкуренција.

Ѓорческа експресно ја реши тенисерката од БУгарија, Петја Аршинкова со 6-1 и 6-2 во сетови, па во полуфиналето ја очекува дуел со Магдалена Пантуцкова.

Тенисерката од Тетово имаше одличен настап и во дабл-конкуренција заедно со Маријана Дражиќ од Хрватска, па тие со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4 славеа против Жени Дуерст и Џоана Гаспар.

Турнирот во Турција се игра за награден фонд од 15.000 долари, а македонската тенисерка има шанса да ја збогати својата колекција со уште еден трофеј во кариерата.