Потврден е новиот датум за Ел Класико


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ел Класико ќе се игра во декември.

Шпанското дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра во декември.

Требаше Барса и Реал да се сретнат на Камп Ноу за осум денови од сега, но поради несигурната ситуација во Каталонија, Шпанскиот Фудбалски Сојуз одлучи ова дерби да се презакаже за некое „помирно“ време.

Одборот за натпреварување на ШФС побара од двата клубови до понеделник да се изјаснат за мислењето околу терминот.

Барселона прво издаде соопштение со желба натпреварот да се игра на 18. Декември, а набрзо стигна и потврда од Реал Мадрид, па тоа е новиот термин за првото Ел Класико за оваа сезона.

Дербито помеѓу Барса и Реал е најгледано во светот и сите со нестрпление го чекаат 18. Декември, и покрај тоа што се надевавме дека Меси и друштвото ќе се сретнат очи во очи со Кралевите овој викенд.

Реал е лидер со 18 бодови, Барселона има 16 и затоа судејќи по се, ова дерби ќе влијае на борбата за титулата.