Јуве подготви 300 милиони – бира меѓу четири кандидати за наследник на Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус направил нов план од 2020 до 2024 година, а целта е да се донесе наследник на Кристијано Роналдо.

Јувентус планира најпрво да ги стигне останатите европски гиганти во бројот на приходи, па токму во периодот од 2020 до 2024 година планираат да ја зголемат вредноста на капиталот за околу 300 милиони евра.

Засега најмногу шанси да биде замена за Роналдо има Нејмар, но ПСЖ претходно одби понуда од 100 милиони евра плус Пауло Дибала за неговиот потпис.

Останати желби на „Старата дама“ се Килијан Мбапе, Пол Погба или Жоао Феликс.