Маркез ја запиша 10. победа во сезоната и израмни рекорд со легендарен возач


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марк Маркез стигна до десеттата победа во сезоната, откако триумфираше во Јапонија. Одличниот Шпанец повторно возеше доминантна трка и не им дозволи на конкурентите да го изненадат.

Маркез на домашната патека на Хонда водеше од самиот старт, па до крајот на трката и си ја заслужи целосно наградата.

Фабио Квартараро на почетокот го следеше, но не успеа посериозно да му се закани, па така го освои второто место.

Андреа Довициозо го комплетираше подиумот, откако успеа да се одбрани од нападите на четвртопласираниот Маверик Вињалес.

Тоа беше 54. победа за Маркез во најсилната класа, па така се израмни со Мик Дуан на третото место на вечната листа. Додека прв е Валентино Роси со 89 триумфи, а Џакомо Агистини има 68.