Навивачите на Милан подготвиле протест на мечот против Лече


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан го ангажираше Стефано Пиоли и тој вечерва ќе дебитира против Лече на „Сан Сиро“. Четири порази во седум кола во Серија А запишаа фудбалерите на милан, па набрзо следуваше тренерската смена, во која беше отпуштен Џампаоло.

Пиоли има шанса за роденден да го победи вечерва Лече, но навивачите на Милан се решени вечерва да протестираат на јужната трибина.

Тие се подготвени да испратат пораки до директорите Паоло Малдини и Звонимир Бобан, кои веќе не се добредојдени во клубот.

Ситуацијата во Милано е далеку од идеална, а многумина гледаат излез од кризата во нови сопственици, откако почнаа шпекулациите дека клубот може да го купи бизнисмен од Катар.