Жесток удар за Баварците: Важен фудбалер на Баерн мора да паузира неколку месеци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен во наредните месеци ќе мора да игра без одличниот стопер Никлас Шуле. Стоперот на германската репрезентација и Баерн Минхен ги скина лигаментите во левото колено во текот на гостинскиот меч против Аугсбург во саботата.

Докторот на Баерн Минхен, Ханс-Вилхелм Милер-Волфарт најави дека Шуле мора да оди на операција и ќе паузира неколку месеци.

Поранешниот фудбалер на Хофенхајм беше стандарден сезонава, па одигра осум меча во Бундеслигата и два во Лигата на шампиони, а најверојатно во првиот тим ќе го замени Жером Боатенг.

Веста за повредата на стоперот доаѓа во најлош можен период, кога Баварците ги очекуваат четири меча во десетина дена.