Оле Гунар Солскјер е единствениот тренер кого Клоп не го има победено…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул донесе уште еден интересен статистички показател.

Имено, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е единствениот тренер со кој тимот на Јирген Клоп се сретнал повеќе од еднаш и не успеал да го победи.

На двата натпревари на кои Солскјер го водеше Манчестер Јунајтед против Ливерпул резултатот беше нерешен и немаше победник, па така Норвежанецот си доби едно признание од педантните статистичари на англискиот фудбал.