Кин: Одете во војна, а пред натпреварот се прегрнувате и банкнувате со противниците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, не е воодушевен од играта на својот поранешен тим во оваа сезона.

Кејн вчера го гледаше големото дерби против Ливерпул и жестоко ги критикуваше играчите на Црвените Ѓаволи кои од клупата добиваат инструкции од некогашниот негов соиграч Оле Гунар Солскер.

Поранешниот капитен на Јунајтед беше разочаран од сцените во тунелот кои се случија пред самиот почеток на натпреварот. Во центар на внимание беа везните на домашниот тим Андреас Переира и Фред кои срдечно се поздравија со нивниот сонародник Роберто Фирмињо.

Кин порача дека таквите работи едноставно не треба да се случуваат пред толку големо дерби и пријателствата и емоциите фудбалерите треба да ги остават за крајот на натпреварот.

„Одвратно ми е тоа што го прават играчите. Одете во војна, а пред натпреварот се прегрнувате и се бакнувате со противниците. Не треба воопшто да ги погледнувате бидејќи одете во битка против нив. Играта не е променета многу, играчите се променија. Одете во битка против нив, а пред натпревар се прегрнувате. Оставете го тоа за после натпревар или немојте тоа да го правите пред камерите“, рече Кин.