„Кралевите“ го бркаат Зидан: Реал Мадрид добива нов тренер од среда?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Зинедин Зидан, наводно, немал што да им каже на фудбалерите по поразот од Мајорка, па поради тоа Французинот се соочува со отказ.

Зидан двапати се откажа од пари, како фудбалер ја заврши кариерата една година пред да му заврши договорот, вторпат го напушти кормилото по освојување на Лигата на шампиони, но сега доколку добие отказ, ќе си ги бара своите 28 милиони евра.

Од друга страна, утринава беше објавено дека Жозе Мурињо, наводно, разговарал со Флорентино Перез, па има голема шанса да го преземе кормилото на клубот во среда, доколку Реал загуби од Галатасарај во Истанбул.

Реал нема победа во елитното натпреварување сезонава, па освои само еден бод по два одиграни меча.