Мареј ја освои титулата во Антверпен, па заплака како мало дете (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Енди Мареј ја освои титулата во Антверпен, Белгија по победата против Станислав Вавринка со 2-1 во сетови, откако на почетокот на годината имаше операција на колк.

Мареј не освои ниту еден сет во Синсинати и Винстон-Сејлем, првите два турнири по враќањето на теренот, а пред Антверпен не стигна до четвртфиналето ниту во еден од шесте обиди.

„Пред враќањето на теренот му кажав на својот тим дека сакам да почуствувам дека сум конкурентен. Не помислив дека ќе го освојам турнирот и ќе победувам тенисери како Вавринка и Беретини. Ова е изненадување и за мене и за мојот тим. Навистина не очекував дека толку брзо ќе освојам трофеј“, кажа Мареј.