Влахо вчера го напушти Работнички, а „романтичарите“ веднаш му најдоа замена


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Работнички денеска ја најде замената за Александар Влахо на тренерската позиција, па клубот до крајот на сезоната ќе го предводи Марјанчо Андрески.

Андрески му беше асистент на Влахо во досегашниот дел од сезоната, но „романтичарите“ по лошите резултати сметаа дека е време за промена на тренерската позиција.

Влахо пристигна на кормилото на клубот од Дебар Маало пред почетокот на сезоната, но откако запиша катасторфални резултати и го допре дното во македонската Прва лига, управата реши да му се заблагодари за досегашната соработка.

Андрески ќе има голем предизвик да го извлече клубот од кризата, а своето деби како тренер ќе го има против Шкупи во среда.

Фото: ФК Работнички