Патрис Евра призна дека е пред враќање во Манчестер Јунајтед, ќе му прави ли друштво на Оле на клупата?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот фудбалер кој најголема трага остави играјќи за тимот на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра истакна дека е пред враќање во клубот.

Евра се пензионираше од активното играње фудбал пред околу еден месец и веќе работи на добивање на потребните тренерски лиценци во тренинг базата на Манчестер Јунајтед во Керингтон.

„Имав некои важни разговори, зборувавме за тоа што треба да работам. Во животот јас сакам да правам се, но сакам улога во која ќе ги извалкам моите раце, тоа е затоа што сакам мојот клуб да биде најдобар во светот, но не знам уште која улога ќе ја добијам“ –истакна Евра.

Можно е Патрис Евра да биде назначен за еден од помошниците на Оле Гунар Солскјер во Манчестер Јунајтед, а можно е и да добие улога во младинските категории на клубот.