Евра: Со Меси можев да се справам, Милнер за мене беше најтежок противник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Патрис Евра во разговор за Sky Sports откри кој за него е најтежок противник во неговата играчка кариера.

Евра, играјќи за Ница, Монако, Манчестер Јунајтед, Јувентус и некои останати клубови во неговата кариера, може да каже дека се има сретнато со многу играчи од кои е тешко да се одбраниш. Со оглед на тоа дека беше лев бек, поголемиот дел од своето време се расправал со десните крила на противничките екипи, па така, неколку пати во неговата кариера се има соочено и со Лео Меси.

Сепак, Французинот изјави дека Меси не е најтешкиот противник, барем што се однесува со него.

„Најтешкиот противник против кој имам играно е Џејмс Милнер. Играв и против Меси повеќе пати и не можам да кажам дека е лесен за чување, но можев да се справам со него. Тој е опасен кога ќе стигне во средината, тогаш може да се намести и на лева и на десна нога“, изјавува Евра за Скај Спортс и додава:

„Џејмс Милнер беше најлош бидејќи знаеше да ме исфрустрира. Јас сум напаѓачки ориентиран бек, а тој ме следеше насекаде низ теренот, дури беше и во скок дуели со мене. Тоа многу ме напнуваше. „Едноставно оди во напад и остави ме на мира’“, си помислував“

Французот додава дека и Арон Ленон бил тежок играч за чување, посебно ако не сте 100 посто спремни и сконцентрирани, но уште еднаш додаде дека, Милнер е најлош.