Роналдо е 16 пати номиниран за Златната Топка, а тоа е рекорд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот португалски фудбалер на сите времиња Кристиjано Роналдо повторно е номиниран за Златна Топка, наградата која се доделува од страна на France Football.

France Football вчера објави листа од 30 фудбалери кои се помеѓу кандидатите за споменатата награда, а Роналдо повторно го најде своето место помеѓу нив.

Тоа му е веќе шеснаесетти пат да биде номиниран за потенцијален добитник. Португалецот секоја година од 2004. па наваму се наоѓа на списокот на играчи кои се номинирани за Златна Топка.

Да се потсетиме, од претходните 15 номинации за наградата тој пет пати има победено и ја има освоено Златната Топка, но најверојатно оваа година ќе мора да има трпение во врска со освојувањето на шестата бидејќи фаворити овој пат се Вирџил Ван Дијк и Лионел Меси.

Моментално, неговиот најголем спортски ривал Меси, неодамно го освои ова признание од страна на ФИФА, а Роналдо не се ни појави на церемонијата за доделување на наградите.

Признанието за изминатата година го освои Лука Модриќ кој овој пат не се најде ниту на листата на номинирани.