Саудискиот принц нуди вртоглава цифра за да го откупи Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Саудискиот принц Мухамад бин Салман сака да стане сопственик на Манчестер Јунајтед но за да успее во тоа, тој на сегашната управа на Црвените Ѓаволи им понуди неверојатни четири и пол милијарди евра.

Меѓутоа, во својата замисла тешко ќе успее ако му се верува на потпретседателот на клубот Ед Вудвард.

„Како што знам, фамилијата Глејзер нема намера да го продаде клубот. Неодамна истакнаа одредени долгорочни планови и колку што јас знам, не постои нова конкретна понуда за некој да го откупи Манчестер Јунајтед“, рече тој.

Познато е дека до сега саудискиот принц веќе нудеше одредена сума на пари за да го откупи тимот од Олд Трафорд, се работеше за цифра од 3 милијарди евра, но меѓутоа таа беше глатко одбиена.

Заради тоа, Бин Салман значително ја зголеми својата понуда, а сега преостанува да видеме како ќе реагира фамилијата Глејзер која моментално е сопственик на Црвените Ѓаволи.