Кој клуб му е од поголемо значење? Тиери Анри мораше да одбере помеѓу Барселона и Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тиери Анри своевремено беше еден од најдобрите напаѓачи на светот, а најголема трага остави во Арсенал и Барселона.

Анри ја започна својата кариера во Монако од кој на почетокот на 1999. година премина во Јувентус, но во Италија се задржа само шест месеци. После тоа отиде во Арсенал што му беше најдобриот потег кој го направи во својата кариера.

Овој 42-годишник во Арсенал ни приредуваше фантастични партии и беше главен дел од легендарната генерација во сезоната 2003/04. година кога не доживеаа ниту еден пораз во Премиер Лигата.

После осум години во дресот на Арсенал, тој одлучи да ги спакува своите куфери и да премине во Барселона. Анри во Барселона исто така беше на фантастично ниво и во дресот на Каталонскиот клуб играше три години и со нив успеа да ја освои Лигата на Шампионите што за него претставуваше главна цел која мораше да ја постигне во својата кариера.

И покрај тоа што поголемиот дел од својата кариера го помина во Арсенал, тој признава дека Барселона е многу важен момент од неговата кариера. Мораше да одговори на прашањето кој му е поважен, дали Арсенал или Барса и тоа го направи и покрај тоа што ни малку не му беше лесно при тој избор.

„Зошто ја одбрав Барселона? Многу ми се допаѓаше Арсенал, а и до ден денеска ги сакам како клуб, но секој играч сака да освојува трофеи и награди и поради тоа се преселив во Барселона“, рече Анри и додаде:

„Во кој клуб ги поминав најубавите моменти во мојата кариера? Најдобрите беа во Арсенал, но Барселона ми е поблиску до срцето. Со неа ги достигнав сите врвови и тоа ми беше едно од најдобрите искуства и што е најважно, ги задоволив амбициите на навивачите“.