„Бомба“ во Мадрид: Левандовски го облекува дресот на Реал Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми денеска објавија вистинска „бомба“, откако најавија дека Реал Мадрид ќе тргне по нов напаѓач затоа што Лука Јовиќ бил целосно промашување, а најнов фудбалер на „кралевите“ би можел да стане ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез претходно беше заинтересиран за Левандовски, но никогаш не успеа во неговата намера да го ангажира од баварскиот гигант.

Сепак, такво нешто би можело да се случи уште во јануари, што на прв поглед е навистина неверојатно, а претседателот на Реал има и план како да го направи тоа.

Според шпанските медиуми, „кралевите“ сакаат да го добијат Левандовски така што ќе им понудат трампа, односно во замена ќе им го понудат Лука Јовиќ, но постои шанса и за доплата, зашто сигурно Баварците нема да се согласат на директна размена.