Официјално: Пандев доби екс соиграч за нов тренер во Џенова


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоа што се шпекулираше денес доби и официјална потврда, Тијаго Мота е новиот тренер на италијанскиот клуб Џенова.

Мота беше соиграч со Пандев во шампионските денови во Интер, а сега ќе му биде тренер на нашиот капитен и најискусен фудбалер на Џенова.

Клубот во кој настапува Гоче е во очајна форма и е на дното на табелата во Серија А, па смената на Андреацоли беше очекувана.

Инаку ова е прво посериозно тренерско искуство за Тијаго Мота кој досега го водеше у19 тимот на ПСЖ.