БИЛД: Мурињо е во постојани контакти со клубот, веќе учи германски јазик


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Жозе Мурињо и понатаму е без тренерски ангажман откако во декември минатата година доби отказ на клупата на Манчестер Јунајтед.

Португалецот моментално ужива во слободното време ,а исто така работи и како стручен коментар за Скај Спортс.

Од моментот кога 56-годишниот стручњак го напушти Олд Трафорд се појавија многу информации врзани за негов нареден ангажман.

Последно се говореше дека Мурињо би можел да се врати во Мадрид и да го замени Зидан на клупата на Реал, но тој ја одби таквата можност.

Сега германски БИЛД пишува дека Борусија Дортмунд прави се за да го убеди Португалецот да ја превземе клупата на овој тим и наводно двете страни се во постојани контакти.

Мурињо би морал да се согласи на многу помала плата доколку ја превзеде Борусија, но се шпекулира дека тој вее почнал да учи германски, па останува да се види како оваа приказна ќе заврши.