Арсенал понудил уште во јануари да го откупи Себаљос, Реал одбил


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишува „Ел Десмарк“, Реал Мадрид одбил да го пушти Дани Себаљос на перманентна основа во редовите на Арсенал.

„Топчиите“ задоволни од настапите на шпанскиот интернационалец понудиле околу 20 милиони фунти на Реал Мадрид за да го обезбедат потписот на играчот, меѓутоа понудата била веднаш одбиена.

Наводно, „Кралевите“ најавиле дека ќе размислат за да го пуштат Себаљос, а евентуална понуда за размислување би била над 30 милиони фунти.