Чудото од дете на Борусија Дортмунд стана најмлад стрелец во историјата на младинската Лига на шампионите (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со само 14 години, чудото од дете на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко стана најмладиот играч кој постигнал гол во младинската Лига на шампиони.

Мукоко во натпреварувањето за играчи до 19 години постигна погодок со само 14 години 10 месеци и 29 дена.

Мукоко е реден во Камерун, но игра за репрезентацијата на Германија и важи за еден од најголемите таленти во репрезентацијата на „панцирите“.

Во младинските категории на „милионерите“, Мукоко веќе има постигнато 106 голови, а дебитирал со свои 12 години за у17 тимот на Борусија. Се очекува Мукоко наскоро да добие прилика и во првиот тим на германскиот тим.