Наполи сака да го донесе Ибрахимовиќ, но условите кои му ги нудат се – смешени!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ во претходните недели често се поврзуваше со враќање во италијанската Серија А, односно со преселба во Интер, но според најновите информации Швеѓанецот би можел да потпише за друг клуб.

Ибрахимовиќ, наводно, преговара со Наполи, а шведскиот напаѓач е голема желба на тренерот Карло Анчелоти, но договорот не е ниту блиску.

Италијанските медиуми пишуваат дека главна причина поради тоа се парите. Ибра побарал јасни услови, а тоа е договор на 18 месеци вреден вкупно 7,5 милион евра.

Тоа што му го нуди Наполи е многу скромно, поточно еден ипол милион евра до лето, па продолжување на договорот за следната година.