Сер Алекс Фергусон сепак не допатува во Белград


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легенадрниот Сер Алекс сепак не дојде во Белград со експедицијата на Манчестер Јунајтед.

Да се потсетиме, Црвените Ѓаволи денес во главниот град на Србија ќе го играат натпреварот од 3. коло на Лига Европа, а најавено беше дека легендарниот Ферги ќе го проследи натпреварот од свечената ложа во која требаше да биде сместен

Тој синоќа требаше да отиде на вечера со тренерот на црно-белите, Сава Милошевиќ кој за него спреми и квалитетен алкохол, но од тоа на крај нема да се случи ништо.

Утеха за Милошевиќ е фактот дека за 14 денови од сега ќе го види легендарниот Шкот со оглед на тоа што овие два тима повторно ќе се натпреваруваат, но овој пат на Олд Трафорд.

Да го додадеме и тоа дека моментално во групата Л во Лигата на Шампионите, Партизан и Манчестер Јунајтед имаат по четири бодови и се наоѓаат на првото и на второто место на табелата. Денешниот натпревар во Белград започнува од 18:55 часот.