Партизан одигра добар меч, Манчестер се бранеше и освои три бода (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Партизан не успеа да оствари поволен резултат во рамки на третото коло од Лига Европа, откако на домашен терен во Белград загуби од Манчестер јунајтед со 0-1.

Јунајтед беше подобар ривал на стартот на мечот. Избраниците на Оле Гунар Солксјер напаѓаа, но им недостигаше добра завршница.

Мектоминеј имаше добра шанса по слободен удар, но го погоди надворшешниот дел од мрежата со глава, а потоа Партизан почна да игра малку послободно.

„Црно-белите“ имаа неколку отворени контри, но не успеаа да ја погодат мрежата на „црвените ѓаволи“.

Во 43. минута гостите добија пенал, откако Вилијамс падна во казнениот простор, по што Ентони Марсијал погоди за 1-0.

Во второто полувреме Партизан имаше повеќе добри акции, но ниту една од нив не беше крунисана со гол.