Хари каде си? Мегваер заборави дека е капитен на Јунајтед во Белград (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Партизан загубија со 0-1 на домашен терен од Манчестер јунајтед во рамки на третото коло од групната фаза во Лига Европа.

Интересна сцена се случи пред самиот почеток на мечот, кога капитените требаше да бираат страна на теренот, односно кој прв ќе ја изведе топката од центарот на игралиштето.

Стојковиќ со судиите стоеше некое време и го чекаше капитенот на Јунајтед, но тој не се појави.

Капитен на „црвените ѓаволи“ за првпат беше Хари Мегваер, кој очигледно заборави дека ја носи лентата околу раката.

Судијата на крај го повика да дојде за да ги завршат формалните работи пред стартот на дуелот.