Спектакл со осум голови во дербито во Лос Анџелес


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ остана без шанси да ја освои МЛС лигата, затоа што неговиот Лос Анџелес Галакси испадна во /14 финалето од плеј-офот во МЛС.

Галакси гостуваа кај својот градски ривал, Лос Анџелес ФК кој во одличен меч славеше со 5-4 и за финале ќе се бори против Сиетл Саундерс, додека во другото полуфинале играат Торонто и Аталанта.

Карлос Вела го постигна првиот гол за водство на домаќините во 16. минута, а истиот играч во 40. минута постигна уште еден гол за 2-0. Минута подоцна Павон на асистенција на Ибрахимовиќ намали на 2-1.

Токму Ибра постигна гол за изедначување на 2-2, но Роси и Диоманде во 66. и 68. минута со нови голови им донесоа резултат од 4-2 за Лос Анџечес. На нов гол се чекаше до 77. минута, откако Фелчер намали на 4-3 и возбудувањата продолжија, но веќе три минути после тоа Диоманде го постигна петтиот гол за својот тим, но и за полуфинале.

Иако Галакси по многу статистички параметри беше подобар, Лос Анџелес ФК на крајот помина понатаму и Карлос Вела има прилика да стане крај на МЛС. Со 36 голови е најдобар стрелес во МЛС, а има и дури 15 асистенции. Ибрахимовиќ постигна 31 гол со седум асистенции.