Зборовите на Ибра тешко ќе ги прифатат навивачите на Лос Анџелес, но и челниците на МЛС


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тимот на Лос Анџелес Галакси изгуби во градксото дерби од Лос Анџелес ФК во 1/4 финалето во плеј-оф-от во МЛС.

Ибрахимовиќ постигна погодок, но Галакси загуби со 5-3.

Ибра при излегувањето од теренот се фати за меѓуножјето.

„Дофрлаа нешто. Не сум нечесен, но ова за мене е како на тренинг. Овој стадиот е премал, па ова беше како шетање низ парк“, изјави Ибра, уште еднаш повредувајќи ги навивачите на Лос Анџелес ФК.

Се шпекулира дека ова е последна сезона на Ибра на американско тло…

„Ако останам, тоа ќе биде добро за МЛС, бидејќи цел свет ќе го гледа, ако си одам никој веќе нема да се сеќава на МЛС“.

Некогашниот напаѓач на Милан, Интер и Јувентус би можел да се врати во Серија А, а моментално како негов нов клуб се споменува Наполи.