Брестовац избра 19 македонски ракометари за мечот против Грузија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20 часот игра против Грузија, а селекторот Данило Брестовац избра 19 ракометари, кои ќе добијат минутажа во дуелот против нашиот следен противник.

Македонија на контролните средби во Турција го победи домаќинот, а одигра и реми со Италија, но сега се очекуваат и два триумфи против Грузија.

Во македонскиот состав се враќаат неколку стандардни првотимци, меѓу кои се Лазаров, Ристовски, Манасков, Талески и Кузмановски.

Освен нив, во екипата се уште и Томовски, Ристовски, Димитриоски, Маџовски, Поповки, Костески, Кукуловски, Мишевски, Димитриевски, Таноски, Велкоски, Јагуриновски, Крстевски, Пешевски и Арсеновски.

Од екипата на македонската репрезентација претходно местото го загубија Кизиќ, Младеновиќ и Аларов.