Перез ќе го урне светскиот рекорд: Реал Мадрид се засилува со страшен напаѓач од 300 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид не игра најдобро ниту на стартот на новата сезона, па поради тоа тренерот Зинедин Зидан се соочи со голем притисок, па би можел да добие отказ доколку нешто не се промени наскоро.

Претседателот Флорентино Перез не сака да седи со скрстени раце, па веќе пронашол засилување, а станува збор за Килијан Мбапе, за кого планираат „кралевите“ да го урнат светскиот рекорд.

Светскиот рекорд во моментов го има Нејмар, кој се пресели во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра, а сега „кралевите“ планираат да платат за Мбапе дури – 300 милиони евра.

Перез веќе долго време планира да донесе квалитетен напаѓач, а не ја крие желбата дека го посакува Мбапе, што беше главна тема и на претходниот преоден рок, но тогаш не успеа да го ангажира.