„Мареј си игра со животот, последиците може да бидат катастрофални!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Специјалистот во клиника од Цирих, докторот Хан Ридигер изјави дека британскиот тенисер Енди Мареј мора да престане да се занимава со тенис, зашто би можел да добие труење со кобалт доколку продолжи да игра.

Олимпискиот шампион од Лондон и Рио де Жанеиро има вграден вештачки колк од јануари годинава, а тој е изработен од кобалт и хром.

„Да бидам искрен, не би помислил дека некој по таква опеција ќе се врати на спортот. Тоа е невозможно. Мареј презема огромен ризик. Со вградениот дел – двете метални површини се тријат една од друга. Пред десет години бешекористен сличен метод во Швајцарија, понекогаш со катастрофални последици, зашто може да се доживее труење на крвта“, вели Ридигер.