Јувентус му ги расипува плановите на Реал: „Старата дама“ знае како да го купи!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе пред две години стана вториот најскап фудбалер во светот, откако ПСЖ го ангажираше од Монако за неверојатни 180 милиони евра, а Французинот потпиша договор со шампионот до 2022 година.

Францускиот клуб во истото лето го ангажираше и Нејмар, па за двајцата плати дури 400 милиони евра, со намера да го освои трофејот во Лигата на шампиони, но досега не им успеа тоа.

Таквите резултати не му се допаѓаат ниту на 20-годишниот Мбапе, кој порача дека во иднина сака да игра во клуб, кој ќе се бори за многу повеќе трофеи, отколку што се бори ПСЖ.

Многумина тоа го разбраа како порака дека набрзо ќе го напушти ПСЖ, а во изминатиот период многу шпекулации имаше дека Реал Мадрид ќе го купи, но италијански „Тутоспорт“ објави дека и Јувентус има план за да го ангажира талентираниот француски напаѓач.

„Старата дама“ е свесна дека не може да смета вечно на Кристијано Роналдо, кој има 34 години, па сакаат да донесат негов наследник и според „Тутоспорт“, Јувентус планира да инвестира дури 380 милиони евра и да потпише договор со Мбапе на пет години.