Смешна ситуација во НБА: Дејвис сакаше да му асистира на Хауард, но постигна кош (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс синоќа на домашен терен ја совладаа Јута Џез со 95-86 и така го запишаа првиот триумф сезонава во НБА-лигата.

Лејкерс стигнаа до првата победа во новата сезона во најсилната лига во светот, а на мечот доминираа Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Од нив се очекува да го предводат Лејкерс до самиот крај, а синоќа покажаа дека одлично се разбираат на паркетот, па може да се очекуваат уште многу блескави натпревари од нив.

Меѓутоа, момент кој се најде во центар на внимание од мечот беше од самиот старт на дуелот, кога Дејвис сакаше да му асистира на Двајт Хауард, но наместо тоа, тој погоди за два поени.