Зидан зборуваше за ситуацијата во клубот и откри зошто Бејл останал во Лондон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кажа дека Герет Бејл е важен фудбалер за шпанската екипа, па со негово не разговарал за потенцијално заминување.

Бејл доживеа повреда во текот на репрезентативната пауза, а репрезентативецот на Велс од тогаш нема настап за Реал, а „кралевите“ не објавија што се случува.

„Многу работи се зборуваат. Бејл се труди, тренира, но не може да игра. Точка. Многу зборувате, но кога е подготвен, занете за каков фудбалер станува збор. Бејл имаше дозвола од клубот да замине во Лондон бидејќи има приватни проблеми. Не можам да ви кажам за што станува збор“, вели Зидан.

Реал Мадрид во среда игра меч од 11. коло во шпанската Ла Лига против Леганес.