Јувентус и Наполи во битка за играч на Реал Мадрид, позната и цената која треба да ја платат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Италија пренесуваат дека Јувентус и Наполи се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Реал Мадрид, Иско.

Офанзивниот фудбалер од средниот ред мора да си замине од Реал Мадрид за да добие поголема минутажа со која би си обезбедил место во репрезентацијата на Шпанија за Европското првенство што ќе е на програмата следната година.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека главен фаворит за Иско е Јувентус, но дека за него постои интерес и од Наполи и Арсенал, а интересот полека го откажува Манчестер Сити кој долго време се распрашуваше за играчот.