Дојде крајот на богатата кариера: Легендарниот Штербик заминува во пензија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите ракометни голмани во историјата, како и поранешен чувар на мрежата на Вардар, Арпад Штербик ќе се повлече од ракометот на крајот на сезоната.

Штербик во моментов го носи дресот на Веспрем, а таму и ќе ја заврши кариерата, иако претходно се шпекулираше дека искусниот голман ќе го продолжи договорот со унгарскиот гигант.

Професионалната кариера Штербик ја почна во Србија со настапите за Југовиќ, а играше уште за Вардар, Барселона, Атлетико Мадрид и Сиудад Реал.

Во богатата кариера освои четири трофеи во Лигата на шампиони, а има и голем број медали со репрезентацијата

Во избор направен меѓу новинарите и останатите љубители на ракометот, беше претходно прогласен и за најдобар голман во светот.