Лампард во проблеми: Четири фудбалери во „аут“ за следниот меч!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси во сабота на мечот од 11. коло во англиската Премиерлига гостува кај Вотфорд. По серијата победи во сите натпреварувања, „сините“ пред два дена загубија од Манчестер јунајтед во Лига Купот со 1-2.

Сепак, тоа нема да ги запре избраниците на Франк Лампард да тргнат по победа против Вотфорд, но англискиот тренер ќе има одредени проблеми во екипата.

Лампард потврди дека Тони Рудигер, Н’Голо Канте, Рос Баркли и Андреас Кристенсен нема да бидат дел од мечот, а само Французинот има шанси да се врати на теренот и тоа во мечот против Ајакс во Лигата на шампиони.

Да потсетиме, Челси го игра својот меч од 18.30 часот.