Дончиќ и Леброн запишаа трипл-дабл: Лејкерс по продолженија подобар од Далас (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс по продолженија го совладаа Далас Маверикс со 119-110 со одлични настапи и трипл-дабл на Леброн Џејмс на едната и Лука Дончиќ на другата страна.

Од стартот на мечот Маверикс го контролираа мечот и имаа водство. Сепак, од стартот на второто полувреме следеше будење на Лејкерс.

Во финишот и двата тима беа во водство, па се играше поен за поен, а во последните секунди Далас стигна до водство од 103-100, сепак Дени Грин погоди тројка за продолжение. Во дополнителните минути тимот од Лос Анџелес беше подобар и заслужено победи.


Дончиќ го заврши мечот со 31 поен, 13 скокови и 15 асистенции, додека Џејмс имаше 39 поени, 12 фатени топки и 16 асистенции.

Резултати:

Нетс – Рокетс 123-115
Пејсерс – Кавалирс 102-95
Меџик – Бакс 91-123
Селтикс – Никс 104-102
Булс – Пистонс 112-106
Кингс – Џез 102-101
Вориорс – Спарс 110-127