Квартараро освои пол-позиција, Маркез страшно полета од моторот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На квалификациите за трката во Сепанг за Големата награда на Малезија најдобар беше Фабио Квартараро, кој ја освои пол-позицијата, додека зад него ќе тргнат Маверик Вињалес и Франко Морбидели, но сепак најмногу се зборува за страшниот пад на возачот на Репсол Хонда и светски шампион Марк Маркез.

Маркез во квалификациите во Сепанг доживеа несреќен пад, откако полета од неговиот мотор, па го освои 11. Место на квалификациите, што е најлош пласман уште од 2015 година, но сепак добри вести се тоа што тој е во добра состојба по страшниот пад на патеката.

Инаку, по почетната тројка на патеката, следат Џек Милер, Кал Крачлоу, Валентино Роси, Алекс Ринс…