Ѓоковиќ на чекор до шеста титула во Париз


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот во Париз, откако денеска во два сета го совлада Григор Димитров.

Димитров играше добро од стартот на турнирот, но Бугаринот немаше сила да го запре најдобриот тенисер во светот.

На крајот Ѓоковиќ славеше со 7-6 и 6-4, па во финалето ќе игра против подобриот од мечот меѓу Денис Шаповалов и Рафаел Надал.

Србинот од понеделник ќе биде втор тенисер во светот, но утре ќе има чанса да го освои шестиот трофеј во Париз, откако минатата година не успеа во својата намера.

Надал и Шаповалов играат од 16.30 часот, па наскоро Ѓоковиќ ќе го добие противникот.