Бруклин повторно загуби, Голден Стејт не знае за триумф!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бруклин нетс го запишаа четвтиот пораз сезонава во НБА-лигата, овој пат на гостувањето кај Детроит Пистонс (99-103).

Нетс имаше предност од 14 поени во третата четвртина, но домаќините успеаа да направат пресврт и да го запишат вториот триумф по ред на домашен терен.

Кајри Ирвинг постигна 20 поени, 11 скокови и 10 асистенции, но тоа не им значеше премногу на Бруклин.

Најдраматично беше во Портланд, кадешто домаќините и покрај 21 поен предност загубија од Филаделфија со 128-129. Додека Голден Стејт запиша трет пораз по ред и тоа од Шарлот со 87-93.

НБА-резултати:

Портланд – Филаделфлија 128-129
Детроит – Бруклин 103-99
Милвоки – Торонто 115-105
Голден Стејт – Шарлот 87-93
Мемфис – Феникс 105-114
Вашингтон – Минесота 109-131
Орландо – Денвер 87-91
Оклахома – Њу Орлеанс 115-104