Вардар доби нова ѕвезда во триумфот против Мешков Брест!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар успеа да слави на домашен терен против Мешков Брест со 36-31 во Лигата на шампиони, па така ја прекина серијата од два порази во елитното натпреварување.

„Црвено-црните“ играа одлично од самиот старт на мечот, па по 13 минути водството изнесуваше 9-6, но голманите не функционираа како што требаше, па на полувреме Вардар замина со предност од 19-17.

Во второто полувреме Вардар ја одржуваше предноста, а потоа во мечот влезе младиот голман Марко Кизиќ и ги израдува навивачите, откако одбрани два одлични напади на Мешков Брест, по што „црвено-црните“ без многу проблеми го решија мечот во своја корист со 36-31.

Вардар во моментов има осум бодови и се наоѓа на втората позиција на табелата.