Тинејџерот Кизиќ блесна во ЛШ – ја има и најдобрата одбрана на колото во ЛШ! (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тинејџерот на Вардар, голманот Марко Кизиќ на само 18 години блесна во Лигата на шампиони во последните 15 минути против Мешков Брест, а притоа запиша пет одбрани, меѓу кои и две навистина фантастични, по што ја доби наградата за најдобра одбрана во колот.

Кизиќ едноставно не можеше, а да не добие признание, зашто буквално ја крена публиката на нозе во СЦ „Јане Сандански“ со неговите одлични одбрани, па „порача“дека има иднина во дресот на „црвено-црната“ екипа.

Овој настап на младиот голман сигурно ќе ја натера управата на Вардар да му даде поголема минутажа во следните средби, кадешто ќе може да покаже што знае.