Криштопанс заработи повреда – го пропушта мечот против Кјелце?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар успеа да запише триумф против Мешков Брест во Лигата на шампиони, како и победа против Војводина во СЕХА-лигата (26-23), но проблем за скопскиот тим е тоа што им се повреди Даинис Криштопанс.

Криштопанс го повреди скочниот зглоб на десната нога, па откако ќе бидат објавени резултатите од прегледот, ќе биде познато и колку ќе паузира Летонецот.

Во секој случај, тоа значи дека Вардар во сабота нема да може да смета на помошта од Летонецот во мечот против Кјелце во елитното натпреварување.

Сепак, добра вест е тоа што Хозе Толедо би можел да настапи за Вардар, откако во минатиот период се рехабилитираше од повреда.

Да потстиме, мечот меѓу Вардар и Кјелце се игра во сабота од 17.30 часот.