По ова сериозно ќе се здрма столчето на Валверде: Барселона не успеа да ја победи ни Славија на домашен терен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Барселона доживеа уште еден неуспех откако ремизираше без голови со тимот на Славија Прага.

Чешкиот тим беше тотален аутсајдер на овој натпревар но успеа да одолее на нападите од Барселона и да ја сочува својата мрежа.

Згора на тоа, Славија постигна и погодок кон крајот на првото полувреме кој оправдано беше поништен поради офсајд позиција.

Барса очекувано имаше голема иницијатива, креираше неколку фантастични шанси, но не успеа да ја затресе мрежата на гостинот од Чешка.

По ова реми дополнително ќе се стресе тренерското столче на Ернесто Валверде кој по слабиот старт на сезоната е под голем притисок.

На останатиот натпревар кој започна од 18:55 часот екипата на Ред Бул Лајпциг со 2:0 славеше на гостувањето кај Зенит.