Леброн Џејмс против Булс го обележа својот трет „triple-double“

Доаѓањето на Ентони Дејвис во Лејкерс значеше многу за легендарниот клуб од Лос Анџелес.

Загреаните Лејкерси „мелат“ се по ред и со право се фаворити за освојување на новата НБА титула.

Но, движечката сила на овој тим сепак е Леброн Џејмс. Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, тој од почетокот на сезоната игра во фантастична форма а во последните три натпревари Џејмс постигна нешто што многу ретко некој успева.

Во натпреварот против Чикаго Булс на кој Лејкерс извојуваа победа од 118-112 Леброн го запиша третиот triple-double по ред.

Неговите 30 погодоци, 10 скокови и 11 асистенции беа премногу за Булсите. Во последните три натпревари Џејмс има постигнато 90 поени, имал 33 скокови и 40 асистенции а единствен играч кој до сега го има постигнато тоа е Расел Вестбрук кој истиот успех (96 поени, 43 скокови и 40 асистенции) го постигна во 2017. година.