Баерн со триумф обезбеди пласман во нокаут-фаза, Јувентус едвај славеше во Москва (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од 18.55 часот беа одиграни два меча во Лигата на шампиони, а германскиот гигант Баерн Минхен славеше со 2-0 против Олимпијакос на домашен терен, додека Јувентус на гостувањето кај Локомотива Москва славеше со 2-1.

Баварците одиграа страшен натпревар, па во првото полувреме создадоа дури 13 шанси кон противничкиот гол, но грчката екипа успешно се бранеше. Сепак, во второто полувреме трудот се исплатеше, па Баерн преку Роберт Левандовски стигна до 1-0 во 69. минута, додека Иван Перишиќ 20 минути подоцна ги постави конечните 2-0.

Јувентус одигра само нерешено во Москва кај Локомотива, откако во водство стигна преку Арон Ремзи, кој му „украде“ гол на Кристијано Роналдо по грешката на голманот на домаќините, а руската екипа погоди за 1-1 во 12. минута преку Миранчук. Сепак, во финишот од мечот Коста ги постави конечните 2-1.