Антетокумпо со 38 поени го „здроби“ Клиперс, Дончиќ одличен во триумфот на Далас (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа во НБА-лигата беа одиграни дури девет натпревари, а некои кошаркари имаа одлични индивидуални настапи додека резултатски изненадувања немаше.

Едно од дербито на вечерта беше меѓу Лос Анџелес Клиперс и Милвоки Бакс, но со оглед на тоа дека домаќините играа без Пол Џорџ и Кави Ленард, гостите имаа лесна работа. Сепак, и покрај тоа славеа само со пет поени разлика (129-124). До триумф ги водеше Јанис Антетокумпо со 38 поени, 16 скокови и девет асистенции.

Уште еден одличен настап во НБА-лигата имаше и Лука Дончиќ, кој со Далас победи против Орланд со 107-106, а Словенецот постигна 27 поени, седум скокови и седум асистенции.

До минатата сезона Голден Стејт и Хјустон играа страшни натпревари, но овој пат тоа не се случи. Рокетс славеа против поранешниот шампион со 129-112, а до триумф ги предводеше Џејмс Харден со 36 поени и 13 асистенции.

Останати резултати:

Детроит – Њујорк 122-102
Индијана – Вашингтон 121-106
Атланта – Чикаго 93-113
Торонто – Сакраменто 124-120
Мемфис – Минесота 137-121
Јута – Филаделфија 106-104