Сари објасни што се случило на мечот: Се налути ли Роналдо? (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус вчера се измачи во Москва против Локомотива, па дури во финишот од мечот благодарение на голот на Даглас Коста славеше со 2-1 во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Тренерот Маурицио Сари во 81. минута успеа да го налути Кристијано Роналдо, откако при резултат 1-1 реши да го замени Португалецот со Пауло Дибала.

Роналдо воопшто не беше среќен поради тоа што е заменет при таква ситуација за неговата екипа и тоа јасно му го покажа на Сари.

„Роналдо беше лут, зашто физички не можеше да го поднесе притисокот. Веќе неколку дена има проблем со коленото“, кажа Сари по победата во Москва.