Соиграч на Адеми: Бевме среќни зашто водиме со 3-1, а потоа сè ни пропадна во вода!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Динамо Загреб и Шахтер одиграа 3-3 во Хрватска во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, па така освоија по еден бод и со пет влегуваат во последните две кола.

Во луд натпревар со два црвени картони и шест голови, хрватскиот шампион губеше, па со голем пресврт во игра десет на десет во шест минути стигна на чекор до триумф, а потоа прими два гола во судиското надополнување, односно најпрво во 93. минута, а потоа и во 98. минута, па испуштија триумф.

„Ова ми е најтежок момент во животот, многу ми е тешко. Уништен сум, како и сите во соблекувалната. Најверојатно затоа што ни се случи вакво нешто. Сепак, мора да одиме понатаму како знаеме. За три дена имаме нов натпревар“, кажа Периќ по ремито.