Атрактивна манекенка му го „украде“ срцето на Јовиќ (ФОТО)

Српските медиуми во претходните недели псоветија големо внимание на фудбалерот Лука Јовиќ и неговата нова девојка Софија Милошевиќ.

Напаѓачот на Реал Мадрид неодамна за првпат стана татко и натписите за новата љубовна врска делуваа како шпекулација, но очигледно тоа не е така.

Нивната љубовна врска трае повеќе од два месеци и секој слободен момент го користат за да бидат заедно, а додека многумина се прашуваат што се случило со претходната љубов на Јовиќ, во меѓувреме прозборе Милошевиќ и ги коментираше шпекулациите.

„Се шпекулира дека сум му го уништила бракот, а вистината е дека Лука никогаш не бил венчан. Потоа имаше приказна и дека сум му уништила врска со девојка со која има дете, но таа врска ја прекинал уште пред три години“, вели Софија.